Што да гледате ова лето?

Ако барате совет за што да гледате ова лето, еве неколку предлози за серии во кои би можеле да уживате додека ги избегнувате неподносливите температури.

Planet Earth (2006)

Оваа документарна серија е дело на BBC Natural History Unit и е пропратена со одличната нарација на Сер Дејвид Атенборо.

The Wire (2002)

Криминалната сцена во Балтимор, видена низ очите на криминалците и полицијата.

Game of Thrones (2011)

Интригите помеѓу седумте благородни семејства кои се борат за контрола во митската земја Вестерос.

Arrested Development (2003)

Смирениот Мајкл Блут ја презема контролата врз семејните работи кога неговиот татко е испратен во затвор. Но остатокот од неговото разгалено, нефукнционално семејство ја прави неговата работа неподнослива.

Breaking Bad (2008)

Откако дознава дека има рак еден гениј хемичар од професр по хемија во локално училиште станува креатор на кристален метамфетамин со најдобар квалитет во светот.

The Legend of Korra (2012)

Авантурите на Аватарот по Аанг – страствената, бунтовна и бестрашна тинејџерка Кора од Јужното Водено Племе.

The Sopranos (1999)

Модерна приказна за моралот која се врти околу мафијашот Тони Сопрано од Њу Џерзи и неговото справување со лични и професионални проблеми во домашниот и професионалниот живот.

Firefly (2002)

По петсто години еден екипаж на мал товарен брод во вселената се обидува да преживее патувајќи низ непознатите делови на галаксијата избегнувајќи ги опасните фракции како и владините агенти кои ги ловат.

Twilight Zone (1959)

Антологиската серија на Род Стерлинг се фокусира на обични луѓе кои се наоѓаат во необични, најчесто натприродни, ситуации. Приказните типично завршуваат со ироничен пресврт во кој виновникот е казнет.

Monty Python’s Flying Circus (1969)

Оригиналната надреална скеч комедија со Monty Python екипата. [Highest rated TV series]

- Реклама -