Што доколку се случи „онаа работа“ со пријателот?

Со години сте најдобри пријатели и ги имате надминато сите оние предрасуди дека машко-женските пријателства не можат да постојат. Меѓутоа, одеднаш се најдовте во ист кревет и се беше одлично додека не се разбудивте и сега не знаете како понатаму…

Знаете се за него, каков е, што сака, кој тип на девојки му одговараат и што му пречи. Меѓутоа, сега веќе не знаете како да ја продолжите комуникацијата со него. Доколку тоа се случило само еднаш и сосема случајно, тогаш веројатно ќе биде со текот не времето се во ред, меѓутоа доколку сакате да ја продолжите вашата сексуална врска, или можеби да започнете вистинска врска, тогаш треба да разговарате.

pic-man-woman-friends

Можете да се договорите да бидете само интимни пријатели и тоа се до моментот кога на еден од вас ќе му стане овој однос непријатен. Доколку не би се придржувале до ова правило, кај еден од вас ќе се појават посилни емоции кои можат да уништат се.

Доколку би сакале да се обидете со него да влезете во сериозна врска, тогаш најдобро би било тоа да му го кажете уште веднаш на почетокот, за да би знаеле какво е неговото мислење во врска со тоа.

Доколку се одлучивте само на повремен секс, тогаш морате да знаете дека кога еден од вас ќе запознае некој нова личност, тогаш правилата ќе мора да се променат. Тука морате да поставите граници и да престанете со интимните дружби, бидејќи во спротивно можете да предизвикате љубомора меѓу вас и вашето пријателство целосно да се распадне.

Сите овие работи би требало да ви помогнат да не дојде до тоа да бидете повредени, а вие сте пријатели кои отсекогаш биле искрени еден кон друг, па така би требало да биде и сега.

- Реклама -