Одлуката на администрацијата на Џо Бајден да и дозволи на Украина да го користи ATACMS-системот доаѓа во период на континуиран напредок на руските сили во источните делови на Украина, како и интензивни напади, како денешниот, врз украинската енергетска инфраструктура.
Дали дозволата да се користат ATACMS-системите може нешто да промени во ситуација кога околу 50 000 руски, заедно со околу 10 000 севернокорејски војници, се стационирани во близина на курската област која од летото е под контрола на украинската армија.
Што всушност е ATACMS?
Станува збор за систем на суперсонични тактички балистички ракети, или како што гласи неговото цело име – Армиски тактички ракетен систем MGM-140 (ATACMS). Овие ракети кои се долги околу 4 метри имаат дострел од речиси 300 километри и се истрелуваат од подвижни носачи, специјализирани возила. Ракети носат експлозивно полнење кое зависи од тоа за која варијанта станува збор, но се претпоставуав дека е тоа околу 200 килограми. Она што ги прави овие проектили толку опасни е и нивната брзина од 3 маха, или 3 пати побрзо од звукот.
Одлуката да се дозволи употреба на ATACMS во Вашингтон се разгледуваше со месеци поради загриженоста дека таквиот чекор може да ја испровоцира Москва да презеем подрастични мерки во војната со Украина.