Што е побрзо: Раскрсница или кружен тек?

vlcsnap-2013-10-05-13h55m05s101[1]

Америка се разликува од Европа во многу нешта, а меѓу нив е и сообраќајот. Американците на пример, за разлика од Европјаните и особено Британците, не ги сакаат кружните текови. Вообичаеното сообраќајно решение во САД е обичната четиринасочна раскрсница, која Американците ја сметаат за побезбедна.

Момците од Mythbusters решија да тестираат кое од двете е подобро и дали „побезбедната“ раскрсница се исплати од аспект на ефикасноста. Поставија симулација и на едното, и на другото, притоа мерејќи колку автомобили ќе поминат за 15 минути. Многумина ќе претпостават дека кружниот тек е побрз…

…и со право, но импресивно е да се види колку всушност е побрз. Во експериментот на Mythbusters, во период од 15 минути, низ раскрсницата поминаа 385 автомобили. Низ кружниот тек – 460 автомобили. Со други зборови, ова второво е 20% поефикасно.

- Реклама -