Што говорат за вас состојките кои ги избирате за вашата пица

Состојките, односно додатоците кои ги одбирате во вашата пица, се прашање на вкус. Некои обожаваат доматен сос, некои „се дават“ во печурки, додека има и онакви кои сакаат да експериментираат со поразлични вкусови.

Без разлика на тоа кој е вашиот избор, одредени истражувања велат дека избраните состојки покажуваат некои ваши карактерни особини.

Феферони

Вие сте забавна и борбена личност.

Маслинки

Играте по ваши правила. Иако другите луѓе на почетокот за вас добиваат впечаток дека сте по малку необични, сепак подоцна ја засакуваат вашата индивидуалност.

Пиперки

Понекогаш сте здодевни и без осет за околината.

Колбаси

Темпераментни сте и често изгледате напнато. Опуштете се.

Печурки

Вие сте пријатно друштво и околината ве обожава.

Спанаќ

Сакате да живеете здраво, но не сте баш на добар пат.

o-MAYONNAISE-PIZZA-DOMINOS-570

Пилешко

Често сте збунети.

Босилек

Вие сте навистина посебна личност.

Сирење

Вие сте навистина прекрасна личност. Луѓето ве обожаваат.

Рукола

Добра личност сте, но нешто ви стои на патот. Вашата самодоверба. Немојте да бидете повлечени и огорчени. Така ќе сте посреќна личност.

Лук

Кога сте во друштво создавате одлична атмосфера и ги развеселувате луѓето. Но кога сте сами, станувате тажни.

- Реклама -