Што има во компирчињата на McDonald’s?

Зошто во помфритот на McDonald’s има цели 17 состојки?

Во две нови видеа оваа недела гигантот во сферата на брзата храна ја крена завесата на начинот на кој го прави пржениот помфрит и за состојките во него, со цел да ги отфрли митовите околу еден од најпопуларните производи.

Видеото со учество на поранешната ѕвезда од „ловци на митови“ Грант Имахара е дел од обидите на McDonald’s да одговори на прашањата за квалитетот на храната и транспарентноста. Излегува дека во помфрит навистина има компири. Што се однесува до бројот 17 во однос на состојките, тоа е мит. Нивниот број е 19. Покрај различните видови на масти, листата вклучува уште неколку хемикалии кои вршат различни функции. Еден од нив додава вкус, друг го прави така што маснотијата во која се пржи, да не прска… Меѓу овие состојки има и конзерванси, објаснува Имахара. Видеото ни го покажува и компанијата Simplot, која снабдува компири на McDonald’s во САД, каде службеничка дава увид во производствениот процес.

Погледнете како се подготвуваат истите.

- Реклама -