Интернет – неограничен виртуелен простор. Сите информации и сето знаење собрано на едно место и достапно преку неколку клика на вашиот компјутер. Единствениот проблем што стои меѓу вас и пристапот до сè е корисничкото име. Еве што кажува за вас изборот на корисничко име.
Интернет – неограничен виртуелен простор. Сите информации и сето знаење
собрано на едно место и достапно преку неколку клика на вашиот
компјутер. Единствениот проблем што стои меѓу вас и пристапот до сè е
корисничкото име. Еве што кажува за вас изборот на корисничко име:
Вистинско име (Петко Петковски)
Што мислите дека значи: Не ми е страв да се отворам и искрениот пристап кон сите ќе им покаже на луѓето дека сум пристојна личност.
Што значи: Средовечен сум и штотуку го открив интернетот.
Стих од песна (Ова_е_чудесен_свет)
Што мислите дека значи: Луѓето ги сакаат песните, автоматски – ќе ме сакаат и мене.
Што значи: Имам уши и поседувам радио.
Шега (Тасе Стојковски)
Што мислите дека значи: Доаѓаам наоружан со мудрост, ги срушив и надминав вашите очекувања и сосема ви ги разнишав конвенциите.
Што значи: Верувам дека оваа шега ќе ја пополни празнината каде што треба да се наоѓа мојата личност.
Tасмански ѓавол (Хдрррфф333м)
Што мислите дека значи: Јас сум ултимативната енигма, човек за кој е потребно долго време да биде одгатнат и разбран.
Што значи: Мониторот ми побара креативно име, испаничив и ја удрив тастатурата неколкупати хаотично.
Пивски очила (Секси_принцеза_ххх)
Што мислите дека значи: Еј, девојка на интернет! И тоа добра девојка! Нели, сите знаат дека корисничките имиња се секогаш 100% точни!
Што значи: Успеав да сфатам дека на интернет, сите девојки добиваат третман еднаков на Меган Фокс, особено ако никогаш не се разменат слики.
Детинест (<нешто>69)
Што мислите дека значи: Ха-ха, сите знаат дека шегите за секс и 666 шегите се иднината на интернет. Само имам проблем да ги одбијам сите девојки што се закачуваат на ова корисничко име!
Што значи: Кога го креирав корисничково име, имав едноцифрен број години. Сега заглавив со него, зашто тоа ми е единственото нешто по кое луѓето ме распознаваат.
Т3х Л7645 Ме4 (4гс’ п448сЊ)
Што мислите дека значи: Го знаете она место што се нарекува интернет? Јас сум крал таму! Толкин не може на малото прсте да ми се фати кога станува збор за креирање нови јазици!
Што значи: Луѓето ќе мислат дека неможноста за нормална комуникација се должи на владеењето на Л7645 јазикот, а не на неверојатно лошите социјални вештини кои ги поседувам.