Со што ли ги хранат?

Германија стана светски шампиот во фудбал, па се појавија разни рецпти за нивниот успех.

Еден од рецептите беше тоа што од самиот почеток им било дозволено да бидат со своите сопруги и девојки, за разлика од многу други репрезентации кои што испаднаа уште на почетокот.

Но, кој е рецептот во буквална смисла од кујната:

До финалето успеаа да стигнат само најдобрите – тимовите на Германија и Аргентина. Претставниците на две големи нации се сретнаа пред погледите на светот, за да се борат за титулата „шампион”. Со достојна игра на стадионот „Маракана”, бундес лигата ја  победи Аргентина и го освои Светското првенство.

Свински  или телешки ребра?? Пиво или виното? Запознајте се со омилената храна и пијалок на победникот, според истражувањето на foodpanda.

Германската кујна има богата историја, која е потчинета на различни традиции, во различни региони на земјата. Западна Германија на пример е под влијание на Француската и Швајцарска кујна. Како главен производ  во овој дел од Германија е зеленчукот. Тој се присутни во речиси секое јадење. Во јужните делови, традиционално е прифатено да се консумира повеќе масна храна. Се смета дека токму тоа е причината поради која што германската кујна не добила светска популарност долги години.

Дефинитивно најмногу потрошена и најпосакувана храна за време на Светското меѓу Германците се нивните Германски колбасици т.н „Франкфурт”. Според истражувањето на најголемата платформа за снабдување со храна foodpanda, во пресрет на финалето меѓу Германија и Аргентина, Германците  изеле околу 100 000 кг.

Top ten foods of Germany: Best traditional German foods to try

На второ место се најдоа шницлите приготвени од свинско месо и исто толку популарни како колбасите. Во Северна Германија се скриени  богатствата на Северното и Балтичкото Море, имено морските плодови и деликатеси. Најзастапен и најпосакуван „Светски” напиток за време на натпреварите бил пивото.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Кујната на Аргентина не отстапува по ништо на германската, исто како и на теренот на СП 2014. Таа претставува мешавина од национални традиции и пренесени странски рецепти од Европа. Европското влијание се изразува не само во приготвувањето на храната, туку исто така и во нивно декорирање. Дефинитивно зеленчукот е еден од главните производи, кои енормно се присутни во речиси секое јадење, независно како – како гарнир или само салата. Морските плодови се ставаат на пиедестал во Аргентина. Крајбрежјето  се гордее со големи рибни резерви, а кујната вешто ги  искористува најдобрите начини за подготовка на рибни деликатеси. Тука рибата може да биде подготвена на разни начини – печена, пржена, полнета, варена, а исто така и како пополнување во баница.

Според истражувањето на foodpanda, 60% од аргентинската нација јаделе  едно од најраспространетите јадења – телешки ребра. На скара, приготвени по специјален аргентински рецепт.  Различните видови меса приготвени на скара, исто така се доста популарни во Аргентина. Слично на Германците, но во помал процент (22%), во пресрет на Светското биле консумирани рибни деликатеси, соопштуваат од foodpanda. „Светскиот” пијалок на Аргентина е виното, при тоа црвеното.

Бевме сведоци на еден возбудливиот финиш, помеѓу две големи фудбалски сили. На крајот сепак „Франкфурт“, во комбинација со ладно пиво: тоа е храна на победниците.

- Реклама -