Што мажите не сакаат да гледаат кај жените?

Истражувањето спроведено меѓу младите студенти открива што е тоа што мажите не го сакаат кај жените. Интересно е тоа што не станува збор за физичкиот изглед, карактерот, стилот на облекување или однесувањето. Станува збор за… Шминка.

Повеќето жени се чувствуваат моќно, атрактивно и посакувано кога на себе носат забележителна шминка. Затоа не е ниту чудо што подготовките за ноќното излегување знаат да траат и со часови. Но, судејќи по последното изтражување, оваа рутина на мажите и не им е толку привлечна.

Имено, при истражувањето на мажите им биле покажани фотографии од девојки кои се дотерале за вечерно излегување. Покрај нив, имало и уште неколку на кои жените имале на себе се помалку и помалку шминка на лицето.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

60946616-oci-sjenilo-tus-nokti-lice-make-up-sminka

Задачата која им била зададена на испитаниците било да се одлучат на која од фотографиите жените изгледаат најатрактивно, а резултатите биле изненадувачки.

Речиси сите мажи за најубава фотографија ја одбирале онаа на која девојката била стигната до 40% од завршеното шминкање на лицето.

„Не разбирам и нема никогаш да сфатам зошто жените ставаат толку шминка на лицето“; „Не ми се допаѓа воопшто кога ќе видам убава девојка која има зацрнети очи и усни кои сјајат како диско кугла“; Не сакам кога девојките ставаат толку многу шминка на лицето, што не изгледа ниту приближно исто како кога е природна“, биле само некои од одговорите кои потврдиле дека природната убавина секогаш е секси.

- Реклама -