Графолозите велат оти по начинот на кој пишувате можат да се распознаат преку 5 илјади карактерни особини. Напишете една реченица ракописно (дури и ако вообичаено пишувате печатно) и споредете ги резултатите, за да видите што вашиот ракопис кажува за вашата личност.

1. Доколку вашите букви се закривени на:
Десно: Вие сте отворени кон светот околу вас и сакате да воспоставувате врски со нови луѓе.
Лево: Обично сакате да работите сами или зад сцената. Доколку сте деснак, а буквите ги закривувате на лево, тогаш можеби искажувате бунтовност.
Воопшто не се закривени: Вие сте практични и за своја основа ја имате логиката. Се штитите со емоциите.
2. Ако величината на вашите букви е:
Голема: Имате голема личност. Тоа обично значи дека сте отворени за контакт и секогаш сакате внимание. Многу од славните личности имаат ваков тип ракопис.
Мала: Фокусирани сте и лесно можете да пронајдете концентрација. Често сте интровертни и срамежливи.
Просечна: Одлично се адаптирате на секоја ситуација.
3. Доколку буквата S ја пишувате:
Заоблено: Тежнеете да ги задоволите сите, во постојана потрага сте по компромис и избегнувате конфликти.
Шилесто: Интелектуално го истражувате светот. Сакате да истражувате и да учите нови нешта. Колку пошилесто ја пишувате, толку сте поамбициозни.
Со отворена база: Веројатно не си го следите срцето. Пример – отсекогаш сте сакале да бидете некој вид уметник, а сте завршиле со работно место во финансии.
Печатно: Сестрани сте.