Што помислува таа кога прв пат ќе го види вашиот пенис?

Секој маж барем еднаш во животот се запрашал што помислува неговата партнерка кога прв пат ќе го види неговиот пенис. Одговорите можеби ќе ве насмеат и изненадат.

woman_man_ighkТемно виолетова боја

Жените на прв поглед ги изненадува таа нијанса на темно виолетова боја, а многу од нив ќе се согласат дека таква нијанса не виделе на ниту едно друго место на телото. Освен тоа, таа боја е уште еден знак на екстремна возбуда, така што ретко која останува ранмодушна.

Магична печурка

Пенисите се разликуваат како по големината и бојата така и по формата. Има такви што ги краси поприлично голема глава, а таа форма неретко ги потсетува жените на печурка. Но, тоа не е лошо со оглед на тоа што токму со таква форма на пенис многу жени бележат некои од најдобрите и најинтензивни сексуални доживувања.

Потребна е депилација

Освен што делува многу неуредно, пуштањето на срамни влакна баш и не е пожелно. Освен тоа, ако малку ги скратите, пенисот ќе ви изгледа поголем.

black-woman-looking-shocked-surprised-look-on-her-face

Миризливо и чисто

Секоја жена сака маж со хигиенски навики, а кога ќе ги спуштите боксерките и низ глава и поминува мислата – „ах колку е совршен, а покрај тоа и мириса на чисто“ нема шанси да ве одбие.

Совршен пакет

На некои мажи понекогаш им е непријатно да се соблечат пред партнерката и без потреба се оптоваруваат со големината на size_matters_to_womenпенисот. Но, ако партнерката сподели комплимент не се преиспитувајте, затоа што ако го пофалила, тогаш најверојатно го мисли тоа.

Изненадување

Пенисите на некои мажи на прв поглед не изгледаат моќно, но кога ќе тргнат во акција следи изненадување. Иако можеби на прв поглед не се докажал, неговиот потенцијал за раст е за воодушевување, а на тоа ќе се израдува секоја жена.

Нерамно

Тешко еден пенис да е сосема рамен, но има и такви кои видно се навалени на десно или на лево. Но, погледот на таков пенис, на жените им зборува дека тој секс би можел да биде многу интересен.

Преголемо

Иако многу мажи сонуваат да имаат голем пенис, ниту таа солуција не е баш најдобра. При поглед на голем пенис очите на жените нема да се ококорат од среќа, туку од страв, а во глава ќе им се мота само прашањето „Дали ќе боли?“

- Реклама -