Што прават луѓето на работа кога никој не ги гледа

Речиси нема вработени кои од време на време не забушаваат на работното место.

Постојат вообичаени трикови, како оној кога се правиме дека работиме иако мозокот ни е на некое патување, или пак, проверуваме „Фејсбук“.

Има, сепак и помалку вообичаени па и бизарни нешта кои што ги правиме кога мислиме дека никој не не гледа.

Истражување на сајтот „Кариер билдинг“ покажа дека некои вработени спијат, а тврдат дека се молат, се пресоблекуваат под столот, а не е е реткост ни принтање на книги од интернет со оправдувањето „Сакав само една страна, не знам што му е “.

Мажите гледаат фотографии на раголени жени, а кога некој ќе ги фати, објаснуваат дека не знаат како им се отворила страната.

Тоалетот е исто така инспиративен, особено за селфиња, греење на стапала под сушачите за раце,  а некои дами го користат и за бричење на нозете.

- Реклама -