Што сака тој во креветот според годините?

Мажите и сексот се оној дел кој  жените никогаш нема да го разберат целосно.

Постојано се прашуваат како да го маѓепсаат, што да направат за да го задржат подолго и како да се однесуваат така што тој да не ги напушти.

Сексот е тема која не возбудува сите нас. Еве и како да дознаете од што има потреба тој според неговата возраст:

Време на страста: од 20-та до 30-та година

Раните 20-ти  се период во кој што мажот  се карактеризира со голема несигурност во себе и во сопствената сексуалност. Мажите се плашат дали ќе им се допаднат на девојките,  дали ќе имаат успех во сексот и сл, и затоа избегнуваат подлабоки контакти или се впуштаат во минливи сексуални врски, без многу-многу да се врзуваат емоционално.

И бидејќи нагонот на посилниот пол е најсилен во овој период, количината зазема место пред квалитетот.

Како да го смените: Бидете спонтани. Дајте му чувство на сигурност и доверба. Фалете го како љубовник. Сите мажи, особено младите, се најсреќни кога се чувствуваат силни и кога се добро, а вие сте нивното огледало. Доколку забележите дека тој навистина сака да менува жени и не му до ништо посериозно, а вие немате таква намера, побарајте некој друг, кој веќе нашол поинаков начин да стекне самодоверба и да ви ја пружи заслужената почит.

s

Време на разумот – од 30 до 45 години

Сексот не е тема број еден, а во преден план се работите од животот. Сега е најважен интелектуалниот потенцијал на партнерот, а физичката активност, која несомнено е важна, не е единственото што ги занимава.

Како да постапувате: Не се обидувајте да го промените и да го превоспитате, туку разберете го и прифаќајте го таков каков што е. За сексот нема универзално средство што ќе гарантира успех. Зрелиот маж веќе има изградени афинитети, затоа трудете се да ги запознаете неговите потреби и чувства.
Иако ова е периодот на зрелоста, тој истовремено носи и големи проблеми во односите, па многу парови се во искушение да се разделат. Затоа никогаш не дозволувајте по свадбата или по бременоста да се игнорирате, или да ја изгубите страста.

Top-10-sexual-fantasies-in-Relationship

Залезот на сексуалноста – по 50-тите

Факт е дека кај повеќето мажи над 50 години либидото слабее. За да го надоместите недостатокот на страст, внесете во интимните односи повеќе блискост. Гледајте го во очи за време на орален секс или  фатите го силно за раце за време на оргазам.

Немојте да се жалите постојано, бидејќи во вас ќе ја открие сликата на сопствената старост. Внимавајте, не заборавајте и на себе. Одржувајте се, бидете чисти, уредни, прекрасни. Зрачете со зрела и убава енергија, каква што постои во овој дел од животот. Правете го она што ви се допаѓа. И  терајте го да се чувствува како херој. Ако нема иницијатива од негова страна да ве изведе на прошетка или на кино пример, направете го тоа  вие, но така што и тој ќе земе учество. Не заборавајте, децата ви се големи, имате повеќе време еден за друг и воопшто нема да е лошо, ако се искористат овие бесценети моменти на среќа за двајцата.

- Реклама -