Невозможно е да се најде вистинската комбинација од особини кај машките која би ја привлекла секоја девојка. Но, дали постои само една карактеристика која е доволна да го направи машкото посакувано?
Невозможно е да се најде вистинската комбинација од особини кај машките која би ја привлекла секоја девојка. Но, дали постои само една карактеристика која е доволна да го направи машкото посакувано?
На листата меѓу многу важните ако не и најважни особини за успешна врска се наоѓаат смислата за хумор, љубезноста, но и финансиската состојба. Да напоменеме дека оваа листа не е рангирана – сите наведени особини се подеднакво важни. Прашањето е само, дали една од нив е доволна за да може да ве остави без здив?
Смисла за хумор – сите жени се сложуваат дека е најважно (потенцијалниот) партнер да ги прави среќни. Исто се сложуваат и дека жените е потешко да ги насмееш отколку мажите.
Доверливост – е светиот грал на секоја успешна жена. Потребни се години за да се стекне, а само момент за да се уништи. Повеќето жени би се “средиле” покрај таков човек од доверба доколку го пронајдат.
Љубезност – тоа што доста жени трпат покрај себе мажи од кои не се третирани онака као што треба, не значи дека треба да се занемари љубезноста. Иако “лошите” момци имаат повеќе девојки од “добрите”, сепак жените трагаат по фини дечки.
Пари – неверојатно, но доста жени сонуваат да се мажат за богаташ и да имаат раскошен живот, нешто како во бајките. Финансиската ситуација на мажот е дефинитивно важна за жената. Не е редок случај млади девојки да се мажат за стари богаташи.
Изглед – иако никој тоа не сака да го признае, првата работа која ја приметуваме кај некој е неговиот изглед, било да е добар или лош. Сепак треба да се запамти дека надворешната убавина е неспоредлива со внатрешната.
Самодоверба – оваа карактеристика се базира врз неколку други од листата. Некој е самоуверен доколку е талентиран и богат, односно успешен на деловен план, згоден или интелигентен. Самодовербата сите нас ни наведува да бидеме подобри пред другите, па и ова е една од клучните карактеристики кои жените ги посакуваат кај мажите.
Талент и страст – кога дечкото е надарен, посебно во уметноста, тоа делува како неодолива мамка за повеќето девојки. Обично талентот е поврзан со страста, што е уште еден посакуван квалитет.
Интелигенција – мажите се плашат од жени кои се поинтелигентни од нив. Од друга страна пак жените сметаат дека “големиот мозок” е доста привлечна работа кај спротивниот пол. Кога е некој глупав секако дека нема да биде привлечен, напротив делува фрустрирачки.
Прилагодливост – некои жени сметаат дека оваа особина е многу битна за успешна врска. Може вас тој и да не ви е најубав, најдоверлив или најљубезен, но работите сепак некако фунционираат како што треба, токму заради оваа особина.
Тешко дека само една од овие особини може да биде доволна за да направи некој да биде привлечен за врска на долги патеки, но извесно е дека секоја девојка ќе “падне” пред некој кој е (само) згоден или духовит или љубезен.