Што сè можете со дрон?

Можеби продуцентите на серијата „South park“ го гледале мечот меѓу Србија – Албанија?

Во новата епизода на цртаната хит серија „South park“, главна „ѕвезда“ е дрон.

Картмен и Батерс пронаоѓаат летало во гаражата на таткото на Батерс и Картмен веќе има пеколен план.

„Ајде да го повозиме! Зарем не сфаќаш? Сега можеме да шпионираме СЕКОЈ!“, воодушевен е Картмен, додека Батерс, по обичај, стравува дека планот ќе им се удри од глава.

„ Тоа е дрон на тато, тој не служи за шпионирање“, се обидува да се одбрани, но веќе е јасно дека Картмен ќе победи.

Што ќе направат понатаму со дронот, ќе дознаеме во среда кога ќе биде емитувана новата епизода.

- Реклама -