Што се случи, Мис Симон?

Документарниот биографски филм на Netflix “What Happened Miss Simone” е главен кандидат за “Оскар” во категоријата за документарци.
Филмот е искрен и болен, на моменти многу тежок, но го привлекува вниманието со интензивен расказ кој е непроценлив најмногу поради прикажаните страници од дневникот, кој го водела пејачката Нина Симон. Тука таа не е претставена еднострано, на пример како жртва на нејзиниот сопруг, на менталната состојба или на расната дискриминација. Поврзувајќи ги парчињата на сложениот мозаик се добива една комплетна слика за оваа генијална жена не само на информативно, туку и на емотивно ниво.

ms

Приказната за Нина не е “неверојатна”,  “уникатна”, или “запрепастувачка”. Нејзиниот живот е тажен и тежок.

Се работи за талентирано дете кое седи зад пијаното на четири години. Наместо успех, таа доживува низа неуспеси на расна основа.  Потребата од работа и сметките што се собираат ја принудуваат да започне да свири во бар во Атлантик сити, но сопственикот не бил задоволен што само свири, па посакал од неа и да пее … И така започнала нејзината кариера.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Нина Симон е од друго време, кога верувале дека секој уметник мора да го рефлектира времето во кое живее. Таа останува бесмртна заедно со Мартин Лутер Кинг, Малком Х, Марија Ангелоу … Нина Симон остава нешто повеќе од тоа да биде само најголемата соул, џез и блуз пејачка на сите времиња – таа ја остава душата во борбата за човековите прави, користејќи ја музиката како најмоќното оружје.

- Реклама -