Што шмркаат актерите?

Хероин, кокаин, канабис, крек и многу други дроги се чести „риквизити“ во филмовите.

Но, што навистина шмркаат актерите и со што се боцкаат?

1489612593-leoslider

Речиси и нема љубители на седмата уметност кои не си го поставиле ова прашање.

За да дознае за што се работи, списанието Њујорк пост интервјуираше неколку холивудски мајстори кои ја открија „техниката“ за создавање на илузии со дроги.

Џулијан Алибински напоменува дека методите се разликуваат во зависност од сцената која што е предвидена во сценариото.

Доколку кокаинот само се појавува на екранот, без никој да го шмрка се користи пченкарно брашно помешано со талк.

Ако пак, актерот треба да го вшмрка, Мајкл Бејт навeдува дека тогаш се употребува лактоза или витамин Б во прав.

1247519186-scarface-photo-xl-scarface-6235696

Кога е потребно да се изведе косумирање на кокаин , тогаш на актерите им се дава сламка исполнета со вазелин, со цел правот да не дојде до ноздрите.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Принципот е помалку или повеќе исти за хероинот доколку дрогата е само изложена. Сепак, ако е предвидено да биде згреана, Ким Слолек користи шеќер и сода бикарбона, или желатин.

Доколку дрогата мора да биде нанесена во вена, актерот добива специјален шприц со игла која ја враќа течноста.

За канабисот најчесто се користи оригано, вели Албински, но некои актери повеќе сакаат да испушат вистински џоинт, што умее да ја отежне задачата на филмската екипа.

Најважно е да се создаде илузијата, за гледачите да поверуваат дека актерот навистина се дрогира.

„ Веројатно меѓу гледачите има такви кои навистина „дуваат“, па би можеле да се посомневаат во веродостојноста на сцената“, додава тој.

- Реклама -