Што велат децата за љубовта?

Додека растат постојано се обидуваат да ја дефинираат и со зборови да ја опишат љубовта. Искрени, како и секогаш знаат да раскажат за оваа емоција  посимпатично од оние што мислат дека ја искусиле на секој можен начин. Иако се меѓу 6 и 10 годишна возраст, очигледно е дека понекогаш знаат  за љубовта многу повеќе од нас. Прочитајте дел од најслатките описи  од страна на најмалите, направени во оние мудри интервјуа кои секогаш сакаме да ги гледаме со задоволство.

– Ако заљубувањето е како учење азбука, не сакам да се заљубам. Предолго трае.

– Љубовта е како лавина од која мора да бегаш, за да го сочуваш животот.

– Мислам дека прво треба да те погоди некоја стрела, а остатокот не е толку болен.

child_romance_by_punkyelle

– Никој не знае како се случува тоа, но сум слушнала дека има врска со начинот на кој мирисаш. Поради тоа дезодорансите и парфемите се многу популарни.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

– Кога ќе завршам со градинка, ќе си најдам жена.

– На првиот состанок, луѓето меѓусебно разговараат лаги кои се доволно интересни, за да излезат пак.

– Еден човек има пеги, па наоѓа друг кој исто има пеги.

– Еден од вас мора да знае да пополнува чекови: Иако можеби сте заљубени, секогаш ќе има многу сметки за плаќање.

– Кога се луѓето во врска некое време, дечкото може да и каже: „Подготвен сум да те земам за целиот живот, или барем додека не добиеме деца и се разведеме.

– Љубовта те пронаоѓа, дури и ако добро се сокриеш. Јас се обидувам да се сокријам откако имав пет, но девојките едноставно ме наоѓаат.

Во продолжение ве потсетуваме на ова популарно девојче кое успеа да го разнежни сиот балкан со своите невини и паметни одговори.

[youtube]http://youtu.be/h-Pp4bmVs8o[/youtube]

- Реклама -