Што велат студентите од Универзитетот во Кент за својот професор Горан Стефановски

Студенти од Универзитетот на Кент во Кантербери, Велика Британија, каде предаваше македонскиот драматуршки маг – Горан Стефановски, покренале онлајн петиција во која бараат една од новоизградените згради на универзитетот да го носи името на нивниот професор. Досега е потпишана од 870 поддржувачи.

Во петицијата Стефановски е опишан како „неверојатен човек и неверојатен професор“, а именувањето на една од универзитетските згради со неговото име е наведено како најдобар начин да му се оддаде чест.

Вчера неговите пријатели, колеги, студенти и семејството се простија од великанот. Во преполната сала немало игла каде да се фрли, опишува Маја Петрушевска – македонска новинарка што живее во Лондон (прочитајте на Радио МОФ).

Телото на Стефановски вчера беше кремирано, а според неговата желба, неговата пепел ќе биде расфрлана по водите на Охридското Езеро.

Ве оставаме со дел од коментарите од поддржувачите на петицијата (меѓу кои има и многу Македонци, но нивните ќе ги прескокнеме):

Останатите ќе ги најдете ТУКА.

 

- Реклама -