Штрајкови и протести во Грција по повод Празникот на трудот

Со штрајкови и протести во Атина и во други делови на Грција, денеска се одбележува Денот на трудот. На овие настани учествуваат синдикатите на вработените од јавниот и приватниот сектор. Според информациите од Атина, денешниот ден во Грција е обележан со прекин на бродскиот и железничкиот сообраќај, а постојат проблеми и во јавниот превоз, што создава дополнителни непријатности за граѓаните…