Шумски пожари беснеат во Калифорнија

Во јужниот дел на Калифорнија гори шумски пожар, а се претпоставува дека е подметнат од лице кое и претходно потпалувало шуми.

Евакуирани биле околу 3000 луѓе од округот Риверсајд, а поротивпожарните служби ги гаснат огновите кои ги зафатија куќите во близина на местото каде пожарот избувнал

Исто така, има пожар и во северниот дел на Калифорнија, каде изгорела голема површина шума.

Во двата погодени окрузи објавена е вонредна состојба.

Ситуацијата ја усложнуваат високите температури (37 степени), силните ветрови и ниската влажност во регионот.

- Реклама -