Швајцарските „drive-in“ бордели бележат голем успех

Швајцарија е држава позната по чоколадите, часовниците и банките, а најновото достигнување на оваа алпска земја се „drive-in“ борделите. Имено, пред една година, најголемиот швајцарски град – Цирих, започна со проектот за кој властите тврдат дека постигнал извонреден успех.

Имено овој град дозволи поставување на „drive-in“ бордели во старата индустриска зона лоцирана во западниот дел. Целокупно земено „drive-in секс пунктовите“ им овозможуваат на клиентите поголема приватност и безбедност во однос на центарот на градот, па дури и нудат можност за туширање и уживање со чаша топло кафе. Се разбира, целата поента е во тоа што сексуалните работнички мора да купат лиценца за користење на просторот и да плаќаат даноци.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Според изјавите на надлежните, новите прописи во однос на уличната проституција се спроведуваат со цел да се заштитат граѓаните и сексуалните работници.

Се разбира, не е се’ така идеално. Проститутките се жалат дека по воведувањето на новите правила заработуваат помалку бидејќи се далеку од баровите и клубовите концентрирани во центарот на градот.

- Реклама -