Швајцарците за наесен да си набават свеќи и дрва за огрев, им порача националниот енергетски регулатор

Берн, 8 август 2022 (МИА) – Граѓаните на Швајцарија треба да набават свеќи за своите домови за случај на повеќечасовни прекини во испораката на електрична енергија, ја пренесува весникот „Noe Züricher Zeitung“ изјавата на Вернер Лугинбил, шефот на националниот енергетски регулатор (Елком).

Во Швајцарија веќе за на есен се подготвуваат за проблеми во електроснабдувањето, а на граѓаните им се порачува да бидат подготвени за прекини во испораката во зимските денови.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, рече тој, посочувајќи дека предупредувањата на „Елком“ изминатите години не биле примани доволно сериозно.

Доколку дојде до недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите и осветлените реклами.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Се размислува и за воведување забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки.

- Реклама -