Или Трамп создал свои приврзаници меѓу шведските политичари, или шведскава телевизија попара направи со титловите за време на една политичка дебата.
Дебата ко дебата, обично е нешто поинтересна од гледање на асфалт како капе. Ама оваа во случајов беше уживанција за гледање, бидејќи по грешка ѝ залепија титлови од детско шоу. Резултатите беа пресмешни.
Министерката за животна средина, на пример, ги поздрави присутните со зборовите „Поздрав, суштества од Земјата“.
Продолжи со: „Имам два пара чизми, црвени и жолти…“
„Кои да ги земам? Ај ќе ги прашам куклите“
Имаше и други, ама сепак, врвот беше поранешниот Министер за образование и актуелен Министер за песочни замоци – Јан Бјорклунд. Неговата титлувана изјава беше ваква:
„Ќе го изградам најдобриот песочен замок во галаксијата!“