Шведската крајбрежна стража денеска работи на спречување на истекување на дизел од траект што вчера заринка крај јужниот брег на Шведска.
– Знаеме дека дамката во моментов се протега на повеќе од пет километри од брегот. Спасувањето на животната средина е приоритет, а тоа вклучува отстранување што е можно повеќе дизел од водата за да се зачуваат плажите што е можно повеќе, изјави координаторот на операциите за чистење.
Покрај операциите за чистење, крајбрежната стража ги истражува причините за заринкувањето и последователното излевање на горивото.
Фериботот Марко Поло на компанијата TT-Line вчера изутрина се заринка во јужна Шведска со 75 патници, кои брзо беа евакуирани.
Отворена е прелиминарна истрага бидејќи горивото се излеало до брегот.
– Бродот се заринка, а потоа го продолжи својот пат неколку километри испуштајќи гориво додека повторно не се заринка, каде што е сега, соопштија властите и додадоа дека се обидуваат да откријат колку гориво истекло.
МИА