Шведската полиција дозволи антитурски протест во Стокхолм, најавено и палење на Куранот

Ултарадесничарот и антиисламистички активист од Данска, Расмус Палудан, денеска доби дозвола од шведската полиција утре да организира протест пред Турската амбасада во Стокхолм.

Палудан за време на протестот планира да го запали Куранот. Во исто време најавени се демонстрации на протурски и прокурдски групи.

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска изјави дека Шведска ја почитува слободата на говорот, но одби да коментира како протестот на Палудан, одобрен од полицијата, ќе влијае на кандидатурата на Шведска за НАТО.

Турција одбива да ги одобри кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, барајќи од Стокхолм да ги сузбие курдските и другите групи кои Анкара ги смета за терористи. Шведска ја увери Турција дека нема да дозволи терористички групи на нејзина територија.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Но, прокурдските и анти-НАТО групи ги искомплицираа односите меѓу двете земји со организирање антитурски демонстрации. На минатонеделните протести пред градското собрание во Стокхолм беше обесена кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, што ја налути Владата во Анкара.

Палудан, кој има и шведско државјанство, веќе организираше слични протести во Данска и Шведска, од кои некои предизвикаа насилни контра-демонстрации.

Извор: МИА

- Реклама -