Си ги повика светските сили да им помогнат на Русија и Украина „да го обноват директниот дијалог“

Кинеските државни медиуми наведуваат дека лидерот Си Џинпинг ги повикал светските сили да им помогнат на Русија и Украина да го обноват директниот дијалог.

Си Џинпинг денеска му рекол на унгарскиот лидер Виктор Орбан кој е во посета на земјата дека светските сили треба да им помогнат на Русија и Украина повторно да започнат директни мировни преговори, јави државната телевизија CCTV.

-Меѓународната заедница треба да создаде услови и да обезбеди помош за двете страни да продолжат со директен дијалог и преговори“, му рекол Си на Орбан, додавајќи: „Само кога сите големи сили ќе вложат позитивна енергија наместо негативна енергија, може да дојде до прекин на огнот во овој конфликт и тоа што е можно поскоро“.

Орбан, кој неодамна ги посети Москва и Киев, претходно рече дека неговото ненајавено патување во кинескиот главен град е „Мировна мисија 3.0“.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Посетата доаѓа еден ден пред НАТО да одржи самит за да ја одбележи својата 75-годишнина.

CCTV соопшти дека разговорите на Си и Орбан „се фокусирале на длабинска комуникација за украинската криза“.

-Си Џинпинг ги ценеше напорите на Орбан да промовира политичко решение за украинската криза, јави телевизијата.

Си Џинпинг истакна дека е во интерес на сите страни да го прекинат огнот и да бараат политичко решение што е можно поскоро…Сегашниот фокус е да се почитуваат трите принципи  – да нема прелевање на бојното поле, без ескалација на војната и без подгревање на пламенот од сите страни – за да се залади ситуацијата што е можно поскоро“.

- Реклама -