Си купив столче за чучење на веце шолја. Ова ми се впечатоците

Оваа година се приклучив во редовите на корисници на Squatty Potty; инвестирав во едно такво во име на мојот запоставен дигестивен тракт. Мојот дигестивен тракт потсетува на походот на Мојсеј низ пустината – ништо не поминува 40 дена и 40 ноќи. Па го направив тоа што (се чини) сите го прават: гледав еднорог како кака чиста радост во корнет, па си купив Squatty Potty.

Идејата беше да имам добро движење во цревата, можеби додека читам нешто добро на телефон. Реалноста подразбираше интимност со мојата вц школка која обично е резервирана за напади на стомачен вирус.

Во случај да сте ја пропуштиле рекламава со митолошки еднорог што кака, Squatty Potty е мало столче-скала за вашиот толает. Со негова помош можеш да постигнеш позиција на чучење, наместо да седиш додека какаш. Некои доктори препорачуваат чучење поради две причини: Прво, претпоставувам затоа што им е смешно додека те замислуваат како какаш како Голум, а второ, бидејќи ти го релаксира мускулот puborectalis.

Кога седиш, мускулот го гуши ректумот, и ти ја претвора внатрешноста во боца под притисок. Чучењето, меѓутоа, наводно го минимизира чувството на оптоварување, создава помалку хемороиди, ја намалува подуеноста и ја намалува констипацијата. Сé се ова нешта што на моите црева би им се допаднале!

Но да се поседува Squatty Potty не е едноставно како „додај во кошничката“. Прво морав да ја измерам базата на мојата тоалетна, за да одгатнам која големина ми треба. Не ни знаев дека тоалетните школки доаѓаат во различни големини. Мерењето подразбираше да го доближам лицето непријатно блиску до мојата веце школка. А богзнае кај била таа (била во моето веце, ете таму била, а тоа место е грозно).

Тогаш дојде и времето за конечно и да го користам. И да, Squatty Potty го прави користењето на телефонот многу полесно, бидејќи колениците ми се под мишка. Ама јас сум ниска, па освен ако сакам целосно да се соблечам од половината надоле, моите панталони и долна облека ја допираат веце школката – за која веќе утврдивме дека ѝ е потребно повеќе средство за чистење отколку колку што сум спремна да инвестирам. Плус, кога сé е готово, морам да маневрирам за да се симнам од чудово, со панталоните околу глуждовите и грациозност на пијана Елса од Frozen на Дизни додека се лизга на мраз.

Но мојата најголема поплака е складирањето. Освен ако не си доволно луд скриениот простор во твоето купатило да го резервираш за една ваква преголема коцка тетрис, Squatty Potty ќе биде прилично видлив. Ептен видлив. И личи како нешто што лице од геријатрија би го оставило во својот туш. Јас не сум од тие „Фуј, девојките не какааат!“ девојки, ама исто така не сум ни од оние „ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО МОЈОТ ДОМ. ВИДЕТЕ! КОРИСТАМ СПЕЦИЈАЛНИ ПОМАГАЛА ЗА ДА КАКАМ!“ девојки.

Squatty Potty е големиот бел слон во собата. Луѓето (ќе ве) прашуваат. И нема многу начини да се поштедите освен да го голтнете цело свое достоинство и елоквенција и да почнете да објаснувате „Ох, па тоа е Squatty Potty. Знам, името му е пресмешно (во негативен контекст). Ова нешто го користам за какање“.

Колку и да е непрактично и неатрактивно, Squatty Potty барем навистина ги раздвижува нештата, макар и што ми требаа неколку напнати моменти пред да сфатам дека нема да можам да се раскомотам на ова нешто. Знаете како луѓето викаат дека да носиш ролка е ко да те дави многу слабо џуџе? (шега на Мич Хедберг, патем) Е па, Squatty Potty е како постојано да си ги раздвојуваш двете половини на задникот – а тоа дефинитивно не води кон мирно и релаксирано празнење. Морам да кажам, дефинитивно прави да се чувствувам помалку како човечко суштество, а повеќе како падобрански какач. Содржината навистина побрзо го напушта моето тело, ама нема промена во леснотијата на празнењето.

Ако бев еднорог чиј ректум со хемороиди произведуваше сладолед од виножито во корнет, цел живот ќе го живеев качена на Squatty Potty. Ама јас сум само човек, не какам виножита. Не сакам помагалата во тоалетот да ми бидат муабет за кршење на мразот кога одам на забави и висам со пријатели. Не сакам да морам да скокнам од веце шолјата или да ја соблекувам целата облека секогаш кога треба да какам со клечење. Сакам да какам на редовна основа, ама не помогната од медицински помагала или интензивна количина на зелени растенија, проследени со грозна столица. Squatty Potty не е за мене.

Пишува (со мали наши исправки и додавки): Даниеле Стејнберг за Gizmodo

- Реклама -