Си прави домашно пиво – во стомакот!

Произведувачите на домашно пиво веќе долго дебатираат дали е подобро да се вари пивото во пластика или во стакло, но еден 61-годишникот од Тексас има подобар метод – неговиот желудник. Тој има „авто-пивски синдром“, медицинска состојба што ги ферментира шеќерите во дигестивниот систем – во пиво.

Кога се пријавил во болница жалејќи се на збунетост и зашеметеност, прво што сестрите му направиле било алко-тест. Резултатот бил изненадувачки – 0.37 промили, наспроти тоа што пациентот тврдел дека не се напил ни капка алкохол тој ден. Чест изговор, но сепак, тој бил задржан во болница во наредните 24 часа, а за чудо, и покрај постојаниот надзор, новиот алко-тест покажал 0.12 – далеку над дозволениот лимит при возење.

beergut

На крајот, докторите конечно го дијагностицирале проблемот – „Saccharomyces cerevisiae“. Тексашанецот и самиот произведувал домашно пиво, а квасецот некако успеал да стигне до неговата утроба и да продолжи со својата „работа“. Квасецот се задржува во цревата и ги конвертира шеќерите во алкохол. Како резултат, при секој оброк и напиток, жртвата завршува спонтано пијана. Ова не е прв случај, но е екстремно редок.

И додека ова е еден од најдобрите синдроми што човек може да ги има, ќе се согласите дека подобар термин би бил – супер моќ. Нели?

- Реклама -