Сијарто побара меѓународна осуда за одлуката на Врховниот суд во Колорадо за Доналд Трамп

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска го осуди „молкот“ на светските медиуми и меѓународните институции, откако Врховниот суд во Колорадо одлучи дека Доналд Трамп треба да биде дисквалификуван од претседателските избори во таа американска држава.

„Ајде за момент да размислиме што би се случило доколку нешто слично се случеше во централноевропска земја предводена од патриотска влада“, напиша Сијарто во објава на Фејсбук.

Тој праша „колку минути ќе му бидат потребни на Европскиот парламент да прогласи смрт на демократијата“, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

„Колку време ќе помине пред Стејт департментот да објави соопштение во кое ја осудува пресудата и колку минути ќе бидат потребни за на сите платформи на светската либерална медиумска мрежа да се прогласи уништување на владеењето на правото“, праша Сијарто.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Наместо тоа, како што наведе, во случајот со Доналд Трамп „имаме молк“.

Врховниот суд на Колорадо донесе одлука со која забрани претседателскиот кандидат Доналд Трамп да се најде на гласачкото ливче за избор на претседател во таа држава бидејќи на 6 јануари 2021 година тој извршил востанички активности.

МИА

- Реклама -