Сијарто: Унгарија нема да го промени ставот во однос на Украина

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, телефонски разговарал со Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, за односите меѓу двете земји, и двајцата се договориле да се сретнат во јануари.

Во исто време, шефот на унгарската дипломатија посочи дека Будимпешта нема намера да ја менува својата позиција во однос на она што се случува во Украина.

„На ист начин, како и пред неколку недели, денеска имавме уште еден телефонски разговор со Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател. Да се ​​одржи дијалогот на високо ниво е многу важно, бидејќи ни дава надеж за подобрување односите, а ние сме заинтересирани да ја одржиме максималната можна соработка со сите наши соседи. Се разбира дека ние нема да го промениме ставот за постигнување мир, но со нетрпение ја очекувам нашата средба во јануари, кога ќе имаме можност да разговараме најгорливите прашања во билатералните односи“, напиша Сијарто на својата Фејсбук страница.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Унгарија е речиси единствената земја од ЕУ која одби да испорача оружје на Киев. Покрај тоа, Будимпешта демонстративно се спротивстави на почетокот на преговорите со Киев за пристапување во ЕУ.

МИА

- Реклама -