„Не сметам дека проширувањето на Советот за безбдност со неколку нови постојани челнови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи и поголема гаранција за мирот, за безбедноста, иако ми е јасно дека односот на силитее на глобалната сцена денес, не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите државо за да се заштитат од реалната опасност од од поголемите. Затоа, Советот за безбедност го замислувам како своевидна светска коалициона влада“, рече претседателката
Храбрите потфати не се можни без длабоки реформи во Организацијата на Обединетите Нации (ООН), кои мора да се бараат со осмислена и решитеелна акција. Обва денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите нации во Њујорк.
„Потребен е и зајакнат мултилатерализам во одлучувањето, развиен механизам на спреги и кочници во односите меѓу генералниот секрета, Советот на безбедност генералното Собрание, поголема инклузивност и транспарентност на процесот на одлучување, како и решителност и ефикаснот во справувањето со енермните закани за мирот, одрливиот развој и човековите права“,
реече таа.
Посочи дека се потребни, структурни, функционални, меритократски и демократски реформи, а треба да се зајакне и улогата на Генералното собрание, како претставничко тело на нациите.
„Не сметам дека проширувањето на Советот за безбдност со неколку нови постојани челнови, со ексклузивно право на вето, само по себе ќе значи и поголема гаранција за мирот, за безбедноста, иако ми е јасно дека односот на силитее на глобалната сцена денес, не е оној од 1945 година. Како претставничка на мала држава, верувам дека во овој орган треба да се зголеми учеството на помалите државо за да се заштитат од реалната опасност од од поголемите. Затоа, Советот за безбедност го замислувам како своевидна светска коалициона влада“,
рече таа.
Побара да се стави крај на непочитувањето, заобиколувањето и на селективната примена на повелбата на ОН, како во македонскиот случај.
Претседателката ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, во која се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Претседателот на Генералното собрание на ОН Филемон Јанг го прогласи Пактот за иднината на Обединетите нации за формалмно усвоен, што е против волјата на Русија и неколку други држави.