Сиљановска Давкова: Секогаш инсистирам на најниската можна варијанта за службени патувања

Секогаш инсистирам на најниската можна варијанта. Не сум љубителка на патувања со авиони, но, јас морав денеска да бидам тука, а како што знаете, сега повторно треба да одам во Швајцарија, речиси за истата цел, и ќе одам со обичен лет, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на новинарско прашање во врска со нејзиното патување во Берлин каде што учествуваше на Конференцијата за обнова на Украина.

На денешната завршна прес-конференција на состанокот на ПСЈИЕ во Скопје, претседателката одговори дека не знае колку чинело патувањето во Берлин, а со неа патувале неколку лица.

– Од кабинетот патуваат тие кои што се важни за оваа работа, во градењето на нашите ставовите, во градењето на она што таму го изразив. Со мене беше надворешниот советник, еден човек од обезбедувањето, и, се разбира, беше заменик генералниот секретар, како и од вработените човек кој што е експерт во таа област што ги работи тезите, образложи таа.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
- Реклама -