Сиљановска Давкова со честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

-Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото, стои во честитката на Сиљановска Давкова.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Натаму таа додава, „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.

-Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур – G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

- Реклама -