Силното невреме коешто вчера ја зафати Хрватска, во текот на денот се прошири речиси на целиот Балкан, предизвикувајќи материјална штета.
Поплави и турнати дрвја и бандери се забележани во Грција, во градот Патра на полуостровот Пелопонез е поплавена болница, додека град го зафатил популарното летувалиште Парга. Во Солун се забележани голем број инфраструктурни штети како последица на невремето.
Силното невреме проследено со дождови и силни ветрови зафати повеќе места на Јадранскиот брег и тоа во Ријека, Сплит, Задар, додека оркански ветрови се забележани во подрачјето околу Макарска.