Сакате кратки имиња? Дознајте го нивното потекло и значење…
Ива
По името на дрвото Ива, но и скратено од Ивана и Иванка.
Леа
Латинско име, кое значи лавица.
Луна
Латинско име за месечината.
Теа
Божица на грчки, но и прекар за Теодора.
Тина
Кратенка од Кристина, Валентина, Тијана.
Лука
Ова име стана доста популарно во последните неколку години, можеби и деценија. Има грчко – латинско потекло и означува – оној кој осветлува.
Ема
Скратено од Емилија
Јана
Потекнува од секое име кое завршува со истите слогови: Мирјана, Маријана, Андријана…
Сања
Скратено од Александра.
Сара
Еврејско, значењата му се кнегиња, принцеза.
Лара
Скратено од Лариса
Нина
Ова име е грузијско: од името на асирскиот град Нинос, а истотака е кратенка од името Ангелина, Николина.
Тара
Име кое доаѓа од природата – по реките и планините.
Дина
Еврејско име кое значи: суд, осуда, истотака и прекар од старите имиња Димитрина, Костадин, Костадинка.
Зоја
Грчко име кое значи – живот.
Нада
Руски прекар изведен од имињата Надежда и Наталија.
Тања
Руски прекар од името Татијана.
Миа
Име со латинско потекло, чие значење е моја.