Симпсонови добиваат свој парк

Филмското студио Universal планира во Орландо да изгради парк во кој живее прочуената ТВ фамилија Симпсонови.
По прикажувањето на анимираната серија, филмот, видео игрицата, пристигнува и тематскиот парк Симпсонови.

Најавен како еден од најголемите во светот, тематскиот парк „Спрингфилд“, ќе биде верна копија на градот во кој Мет Гронинг го создаде за Хомер, Марџ, Барт, Лиза и други јунаци од популарниот цртан. Посетителите ќе можат да пијат пиво „Даф“ (кое ќе биде произведено специјално за паркот), покрај шанкерот Мо, или да јадат хамбургер кај кловнот Красти.

Во паркот ќе биде изграден и голем ролеркостер кој ќе го носи името „Kang & Kodos“ во чест на вонземјанците од планетата Ригел кои повремено се појавуваат во серијата.

 

- Реклама -