Сигурно се изначитавте деновиве за „сината месечина“ и астролошкото значење на поимот. Но, каков е всушност овој феномен?
Се работи за појава која што се случува на секои 2 години и 7 месеци, со тоа што полната месечина се појавува два пати во еден календарски месец.
Месечината ќе ја достигне полната фаза во петок во 12.42 часот, а истата беше последен пат видена во август во 2012-та година.
Дали сината месечина има сина боја?
Едно од најчесто поставуваните прашања овие денови. Одговорот е „не“. Интересно е што овој феномен го добива името благодарение на грешка. Имено, терминот „сина Месечина“ низ историјата бил користен за ирационални случувања. Месечината всушност не е сина, меѓутоа поради одредени честички изгледа како да добила сина боја. Таа се поврзува со страшната ерупција на вулканот Кракатау, кога островот бил избришан од лицето на земјата и останал мал дел – Ракатау. Поради вулканските честички, во 1883 година Месечината постојано била „сина“.
Како е можно да се појавува два пати во еден месец?
Астрономите објаснуваат дека „сината Месечина“ постои бидејќи нашиот календар не е совршено усогласен со лунарните месеци. На нашиот сателит потребни му се 29.5 денови да направи орбита околу Земјата, а во текот на тоа време ние ги набљудуваме неговите различни фази. Така календарските месеци, освен февруари, имаат 30 или 31 ден, па привремено две полни месечини влегуваат во еден календарски месец. Следниот пат оваа појава ќе се повтори во јануари 2018 година.