Синдикатот на професионални војници на Мисајловски: Наместо да ја прифати критиката, реагираше со напади и неосновани кривични пријави.

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува Министерството за одбрана за манипулации и неосновани тврдешења, по настапот на министерот Владо Мисајловски во телевизиската емисија „Клик Плус“ на ТВ 21. Според синдикатот, проблемите со условите на работа и правата на професионалните војници траат децении, а предложените решенија се испратени во Собранието уште во 2025 година, но досега не се реализирани. Наместо да работи на решавање на проблемите, Министерството, според синдикатот, прави напори да ги прикрие преку јавни изјави и напади кон синдикатот.

„По објавувањето на информациите за катастрофалните услови во објектите на Армијата, каде работат професионалните војници, Министерството за одбрана потврди дека ваквата состојба постои веќе 35 години, а некои објекти не се реновирани дури и 50 години. Наместо да ја прими критиката од синдикатот, Министерството одговори со напади врз неговиот претседател, поднесувајќи неосновани и невистинити кривични пријави.

Оваа напната ситуација во Министерството за одбрана, предизвикана од објавувањето на фотографиите кои ја покажуваат реалната состојба, доведе до зголемена потреба од министерот да се појави во „Клик Плус“. Неговата цел беше да ја ублажи забележаната катастрофа, но за жал, министерот не успеа да избегне изнесување на неколку невистини, тврдејќи дека професионалните војници одат во пензија по навршувањето на 45 години и добиваат опремнина од 2 милиони денари. Тој треба да знае дека професионалните војници не одат во пензија од Армијата поради дискриминаторскиот Закон за служба.

Затоа, евидентна е индиректната дискриминација од КСЗД кон професионалните војници, поради нетрансформирањето на работниот однос од определено на неопределено време. Барањата на синдикатот се јасни: професионалните војници треба да добијат вработување на неопределено време и право на пензија, како што имаат останатите активни воени лица.

Прочитајте и:  (Видео) Масовни демонстрации во Тирана: Граѓаните се против луксузниот проект на зетот на Трамп

Изјавите полни со манипулации и невистини нема да ја подобрат ситуацијата во Армијата, туку дополнително ќе ги загрижат граѓаните на Република Македонија за реалните услови во кои работат членови на Армијата. Потсетуваме дека синдикатот веќе со години бара решенија за статусот на професионалните војници и доставил предлог закон за измена на Законот за служба во Собранието на РМ на 3 јуни 2025 година. Сите пратеници до денес не го предложиле овој закон, што значи дека проблемот останува нерешен.

На министерот за одбрана му предлагаме пред следното гостување да биде пообемен во проучувањето на проблемите и темите за кои ќе зборува. Ние се надеваме дека ќе разбере дека решенијата за сите проблеми се веќе предвидени во писмена форма; потребна е само волја за реализација. Синдикатот не е причина за проблемите; проблемот лежи во неможноста на работодавецот да реагира.

Затоа, сите неосновани напади кон синдикатот и неговите претставници само ќе доведат до влошување на веќе лошата ситуација во Армијата. Апелираме до Министерството за одбрана да се воздржи од медиумските и административните напади кон синдикатите, да го обнови социјалниот дијалог и да преземе итни мерки за подобрување на состојбата во Армијата. ПР кампањата нека биде ставена на пауза до следните избори“, изјави Александар Насковски.