Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер од Италија, стана новиот шампион на Вимблдон. Во финалето, тој го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) по три часа и четири минути игра.
Оваа победа е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, додека Алкараз по пет последователни победи во Грен слем финалиња првпат се соочи со пораз.
Првиот сет започна драматично, со брејк од Синер кој поведе со 4:2. Меѓутоа, Алкараз не се предаде и наниза четири гема последователно, освојувајќи го првиот сет со 6:4. Во вториот сет, Синер брзо направи брејк во првиот гем и успеа да го заврши сетот исто така со 6:4, израмнувајќи на 1:1.
Во третиот сет, не видовме брејкови до деветтиот гем, кога Синер повторно успеа да му одземе гем на Алкараз, освојувајќи го сетот со идентични 6:4 и поведе со 2:1. Во четвртиот сет, Синер направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, а Алкараз не искористи две брејк топки во осмиот гем. На крајот, Синер повторно го доби сетот со 6:4, што го означи неговиот верен триумф.
Јаник Синер е првиот Италијанец кој успеал да го освои Вимблдон.




