Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, првпат е повикан во шведската јуниорска репрезентација.
Ова лето, младиот центарфор го потпиша својот прв професионален договор со Милан, каде неговиот татко ја заврши кариерата во јуни 2023 година. Ибрахимовиќ јуниор настапува за ткн Примавера на славниот италијански клуб.
„Тој има одличен почеток со Примавера. Тоа е добра можност да го видиме во нашата средина”, изјави тренерот на јуниорската селекција Андреас Петерсон за шведските медиуми.
Шведската јуниорска репрезентација за неколку дена во Шпанија ќе одигра два натпревара против Јапонија и САД.
Златан Ибрахимовиќ кон средината на декември стана советник на сопственикот на фудбалскиот клуб Милан.