Синот на Митко Чавков за девет месеци добил тендери од над 380.000 евра

Вкупна над 380.000 евра вредат тендерите што компанијата  „Портланд-ОПЦ“, во сопственост на Иван Чавков, во актуелната 2019-та година ги склучила со институции на локално ниво на чие чело стојат функционери од СДСМ, пишува неделникот „Фокус“.

Иван Чавков е син на поранешниот министер за внатрешни работи во владата на ВМРО-ДПМНЕ – Митко Чавков, кој е првостепено осуден на 18 години затвop поради упадот во Собранието на 27 април. Неговата компанија склучувала договори со повеќе општини и градови, иако против неа и против две физички лица, меѓу кои и И.Ч. (што одговара на Иван Чавков) лани МВР поднело кривична пријава за „бесправно градење“ и „узурпација на градежно земјиште во туѓа сопственост“. Компанијата имала и деловни врски со поранешен партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали, како и со братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев. Повеќе ТУКА.

- Реклама -