Сирски: Украинската армија контролира сто населби во Русија

Украина ја продолжува офанзивата врз руската територија Курск, изјави главниот воен командант на Киев, генерал Олександр Сирски.

Тој посочи дека украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробиле 594 руски војници.

Генерал Сирски истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и оти успешно е постигната таа цел.

Русија е свесна за таа цел и ги концентрира своите најподготвени единици во подрачјето на Покравск, истакна генерал Сирски.

Во меѓувреме очевидци изјавија дека накратко се огласиле сирените за опасност од ракетен напад во Курчатова, во западниот дел на Курск.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Во нуклеарната централа Курск денеска престојува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

- Реклама -