Роби Вилијамс патува со толпа која брои над 100 членови.
Покрај бендот и техничкиот персонал, има и 6 телохранители. Исто така, пејачот никаде не оди без својот личен фризер, масер и 6 готвачи.
Концертот на деценијата на музичката суперѕвезда и најбарана поп-икона Роби Вилијамс пристига во Србија, а концертот ќе го одржи на 7-ми јуни на Ушче.
„Пеколот го снема, рајот пристигна и јас тргнувам на турнеја“, се зборовите со кои Роби ја најави планетарната турнеја и ги отвори распродадените концерти во Мардид, Барселона и Париз.
Она што секогаш ги придружува големите ѕвезди се нивните т.н. рајдер листи- сето она што сметаат дека им е потребно организаторите да им го обезбедат.
Како што пренесува The Minsk Herald, Роби ќе одржи концерт на 15-ти април во главниот град на Белорусија, а рајдер листата е навистина голема. Роби Вилијамс патува со толпа која има над 100 членови. Покрај бендот и техничкиот персонал, има и 6 телохранители. Исто така, пејачот никаде не оди без својот личен фризер, масер и 6 готвачи кои ќе се погрижат целата екипа да не остане гладна.
Овој славен поп-пејач побарал три гардероби и тоа само за себе, но и уште 6 за членовите на тимот. Покрај тоа Роби побарал и 5 канцеларии. Секоја гардероба мора да има огледала- онакви на кои може цел да се види, и онакви кои ќе стојат на масите. Сите огледала мора да имаат посебно осветлување. Една гардероба е резервирана за Питер Вилијамс, таткото на Роби, кој настапува на секој негов концерт како придружен вокал. Во рајдер листата пејачот навел дека сака и 280 пешкири, средство за гаснење на пожар и 4 различни британски весници.
Готвачите на Роби побарале да им бидат испратени следниве намирници: 16 литри млеко, килограм печурки, килограм домати, 48 јајца и 24 крофни. Но, тоа не е се. Пејачот побарал фрижидер и 50 килограми мраз. Според неговата желба 20 килограми треба да бидат донесени пред концертот додека останатите 30 килограми ќе бидат донесени точно на пладне на денот на концертот.
Она што е можеби најинтересното е што Роби побарал зад сцената да има 30 каучи.