Ситнете ги илјадарките! Or else…

Сфаќаме дека таксистите мразат илјадарки, сфаќаме и дека патниците генерално можат да се малку повнимателни. Ама ова… 

„Го пишувам ова за да не го доживеете истото што и јас, затоа ве молам споделувајте.

Вчера викнав такси возило на компанијата (наведена е во оригиналниот пост – линкот подоле) при што дојде кола со број 22 која ме возеше од дома до Јосип Броз (славев 5 год матура) околу 19:30 додека уште беше ден. Возењето течеше во најнормален ред, па дојде време да платам. На таксистот му дадов 1000 денари при што бев запрашана како не ми е срам за сметка од 60 денари да давам толку крупна сума?

Бидејќи одговорив дека нема зошто да ми биде срам и дека тој е должен да ми врати кусур, навредите започнаа. Најпрво дотичниот господин ми кажа дека само што му почнала смената и не планирал сите ситни пари да ги потроши на мене, при што му одговорив дека доколку нема може да раситни негде. Ми се сврте остро и ме праша која сум била јас (уличарка и глупача) да му кажувам на него дали треба да раситни? Поради овие зборови и однос, му кажав да ми ги врати парите бидејќи немам намера да му платам и ќе се јавам во компанијата за да го пријавам и доколку е потребно сметката ќе ја подмирам кај нив, а не кај него.

Во моментот кога си ја земав илјадарката, ми ја фати раката и почна да ми ја стега со сета сила, додека со другата рака тргна да ме мавне. Бев шокирана и немоќна па почнав да плачам и да го молам да ме пушти. Во тој момент проаѓаше рандом девојка која го виде ова и застана да ми помогне. Бидејки дотичниот се уплаши дека почнаа и други да го сведочат ова, ми ја пушти раката, ја грабна илјадарката и “магично” најде ситни пари за да ми врати кусур, при што почна да фрла со парите по мене.

Излегов од колата додека тој сé уште се дереше по мене со секакви погрдни зборови. Кога се јавив во компанијата ѝ објаснив сé на диспечерката таа ми се извини, но исто така рече дека како компанија се оградуваат од ова бидејќи тие не биле криви за неговата постапка? Добро тогаш, ќе вработуваме психопати па нема да превземеме одговорност. Јас секако за ова пријавив во полиција и ќе поднесам кривична пријава против него, но и соодветна пријава против компанијата.

Пазете се каде се качувате во такси, за да избегнете нешто слично или исто на ова. Девојки ова најмногу важи за вас.

PS. Со оглед дека ја знаеме само едната страна од приказната, таксистот има отворена покана да ја каже и својата верзија, чисто за да сме фер.

- Реклама -