Скандал: Британката победила уште пред да се одржи изборот

Се работи за ситуација која можеби ви звучи познато. Сепак, за настан како Мис Универзум ваков скандал и не е мала работа. Имено,  финалето на овој избор  е закажано за 9 ноември во Москва, а на интернет веќе се појави список со пласманот на финалистките.

И тоа овој списоок бил објавен директно од една од судиките. Иако наводно случајно таа на нејзиниот Инстаграм објавила фотографија со список на кој се наоѓаат победничките од изборот кој допрва треба да следи.

M2-530x800

Според списокот победник е  Велика Британија, а на второ место се наоѓа Шпанија. Интересно е тоа што Британката Ејми Вилертон до овој момент не беше ниту во првите десет. И во минатото се случуваше вакви списоци да се појават во јавноста, но ова е прв пат да тоа биде објавено од главен судија.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

1britanka500 2britanka500

Можеби треба да и честитаме?

- Реклама -