Скандал на Гугл: Се заканувале за прекин на соработката со инфлуесерите кои не го „преферираат“ Pixel телефонот

Постојат многу сомнителни договори помеѓу технолошките компании и инфлуенсерите кои објавуваат видеа со преглед на најновите технологии, но по се изгледа Гугл е компанијата која ја премина линијата со нивниот нов Pixel 9.

Програмата Team Pixel на компанијата која функционира само со покани и ги дава производите на Pixel на инфлуенсерите пред тие да бидат јавно достапни нагласува дека инфлуенсерите не смее да прикажуваат производи на Pixel заедно со конкурентските, а тие што ќе прикажеле преференции за конкурентски производ ризикувале да бидат исклучени од програмата. За оние кои се надеваат дека ќе се пробијат во светот на технолошките прегледи, новите услови значат  дека тие треба изберат помеѓу останување во програмата со која се добива можност да се прегледуваат телефоните или да се откажат од својот интегритет.

Како што објави The Verge, сите инфлуенсери добиле форма за договор со која им се наложува да се спроедуваат Pixel телефоните со конкурентите, но телефонот на Гугл да биде преферираната опција, а доколку тоа не е случај соработката со нив ќе биде прекината.

Од Гугл за The Verge одговориле дека Team Pixel е посебна програма која обезбедува Pixel телефони за креаторите на содржини и дека е поправен јазикот кој бил искористен во првичниот договор пратен до нив.

Оваа програма е наменета само за креатори на содржини на интернет, а не и за медиуми, кои веројатно не би се согласиле со такви правила. Како што се наведува, оваа програма е за инфлуеснери и суперфанови кои сакаат да бидат бренд-амбасадори и ги добиваат производите пред тие да бидат пуштени во продажба, да ги користат, за кога ќе бидат пуштени во продажба да може да објават свои импресии со цел ги промовираат.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

За помалите креатори на интернет, ова е единствен начин да се спротивстават на големите, т.е. да имаат пристап до технологијата порано и да станат релевантни.

Креаторите кажуваат дека досега немале вакви правила и дека се што требало да направат е во описите и во видеата да клучат дека се дел од Team Pixel или дека телефонот го добиле како подарок од Гугл.

Популарниот оценувач на технологија, Маркес Браунли објави дека тој не е дел од Team Pixel и дека нема да се придржува до таквите правила. Сепак, останите кои се дел се загрижени дека придржувањето до тоа, може да го загрози нивниот интегритет и опстанок на социјалните мрежи.

Јутјуберот Кевин Нетер, кој го води каналот The Tech Ninja вели дека поради ваквиот договор ја напуштил програмата Team Pixel.

„Како некој кој прегледува технологија за живот, работам со многу брендови. Да бидам уценуван од еден производ нема да функциионира за мене и не би сакал да учествувам во тоа“ вели тој.

Тој исто така додава дека досега немало вакви барања и вели дека освен тоа што ќе наведе дека телефонот го добил како подарок, неговиот преглед ќе биде стандарден и нема да има однапред утврдени преференции.

Извор: The Verge

- Реклама -