Концептниот теренец Škoda Vision E ќе биде не само првото крос-купе, туку и првиот целосно нов електричен модел на чешката марка. Покрај најновите технички решенија на инженерите од Млада Болеслав, овој автомобил ќе треба да демонстрира и некои ергономски новости.
Меѓу карактеристиките на надворешноста на концептот се кратките и закосени линии, големото растојание помеѓу двете оски, како и конструкцијата на вратите кај кои недостасува Б-носачот. Тоа е овозможува просторен ентериер кој ќе нуди и оригинален начини за влегување и излегување од возилото. Специјалните фотелји со потпирачи со нова форма се адаптирани да се свртуваат во насока на вратите, вртејки се за 20 степени. Тие го прават тоа целосно автоматски, откако ќе добијат сигнал дека вратата се отвора. Според претставник на компанијата, тоа обезбедува далеку поудобно влегување. Седиштето се враќа во оригиналната положба, штом вратата се затвори. Факт е и тоа дека двете предни фотелји можат да се прошируваат, а управувачот да се крева нагоре. Ова овозможува да се обезбеди максимално ефикасно користење на просторот во внатрешноста.
Ако се суди според официјалните извештаи, ентериерот на Škoda Vision E нема да располага со стандардни копчиња. Целото управување со функциите на автомобилот ќе се врши од екран на допир на централната конзола. Двајцата патници на задните седишта, како и совозачот, ќе имаат свој екран на допир и така ќе имаат пристап до некои од системите – како мултимедијалнот, климата, ретровизорите… Секој смартфон во автомобилот ќе може да биде поврзан со инфо-забавниот систем на концептот, а податоците од телефонот ќе излегуваат само на екранот пред неговиот сопственик.
Во основата на концептот Škoda Vision E е платформата MEB развиена од VW специјално за електромомобили. Моделот е опремен со два електромотори со вкупна мочност од 306 КС, кои можат да осигураат километража со едно полнење до 500 km. Сериската верзија на моделот ќе излезе на пазарот во 2020 година.