Škoda ќе прави модел за пазарите во развој

Раководството на концернот Volkswagen и наложи на компанијата Škoda да развие нов модел, наменет за пазарите во развој. Партнер на Чесите во овој проект ќе биде Tаta Motors.

– Свесни сме за филозофијата и пристапот на Škoda и нивниот нов стил, но знаеме дека во нивните редови има крајно способни професионалци, кои во секој момент се подготвени да го понудат најдоброто на сите полиња, коментира за Automotive News, шефот на Volkswagen AG Матијас Милер. – Затоа сметаме дека Škoda е единствениот кандидат кој може да го оствари проектот за создавање на платформа за буџетски модел. Мило ми е што компанијата го прифати овој предизвик и убеден сум дека повеќе од успешно ќе се справи со него.

Шефот на Škoda, Бернхард Маер, возврати со благодарност за дадената доверба и е уверен во успешното партнерство помеѓу неговата компанија и Tata Motors. Благодарение на него, чешкиот производител ќе може да ја зацврсти својата позиција во соодветниот сегмент на пазарите во земјите во развој.

– Ова е навистина голема чест од концернот, за прв пат во историјата Volkswagen и доделува на Škoda да создаде нова платформа. Изработка на ваков автомобил ќе им овозможи на марката да „воскресне“ на еден од најголемите, најпознатите и перспективни пазари во светот –  во Индија, коментира Маер.

Во моментов најприфатлив модел на Чесите во Европа е компактниот Citigo, чии цени во Европа стартува од 9.700 евра.

Автоплус

- Реклама -