Škoda развива електричен спортски автомобил

До средината на следната деценија чешката марка Škoda планира да понуди на светските пазари пет нови модели кои ќе се со погон на електрична енергија. Еден од нив ќе биде спортски автомобил во стилот на ретро-купе изведбата Škoda 110 R.

Неодамна еден од шефовите на компанијата, Кристијан Штрубе, навести дека на ваков автомобил веќе се работи со полна пареа подолго време. Топ-менаџерот не криеше и тоа, односно откри пред новинарите, дека за идниот модел инженерите на брендот црпат инспирација од познатото купе 110 R. Штрубе кој е одговарен за развој на електричните модели на Škoda, не посочи рокови за појавата на возилото, но призна дека тоа нема да се случи наскоро. Причината е дека пред тоа Чесите треба да завршат неколку други проекти. До 2019 година ќе се појави електричното Citigo, а една година подоцна ќе излезе и кросовер на струја. Значи спортското купе ќе биде подготвено пред 2023 година.

Во основата на идниот модел ќе биде платформата MEB, на која Концернот Volkswagen Group  планира да изгради цела гама електрични возила. Бидејки архитектурата е модуларна, за инженерите на производителот не е проблем да го преместуваат погонскиот агрегат од предната на задната оска. Како опција за моделот ќе се нуди и погон на четири тркала. Во зависност од модификација, електричното спортско купе на Škoda ќе може да поминува помеѓу 400 и 600 километри со само едно полнење на батериите.

Автоплус

- Реклама -